Top Sport

Столе Димитриевски ја сочува мрежата, Рајо го победи Ваљадолид

Рајо Ваљекано стигна до седмата победа во Ла Лига оваа сезона откако славеше на гости против Ваљадолид со 0:1. Столе Димитриевски успеа да ја сочува својата мрежа, а стрелец на победничкиот гол за Рајо беше Исак Палазон во 65.минута од мечот.

Палазон во првото полувреме не успеа да реализира и пенал за гостите.

Рајо Ваљекано ја прекина серијата од четири меча без победа во шпанското првенство.

Scroll to Top