Top Sport

Столе Димитриевски со мирна мрежа, Рајо ја победи Севилја

Рајо Ваљекано стигна до петтата победа во Ла Лига откако освои три бода на тешкото гостување во Андалузија. Столе Димитриевски и другарите славеа на гости кај Севилја со 0:1.

Македонскиот репрезентативен голман сочува мирна мрежа, а победничкиот гол го постигна Алваро Гарсија во 61.минута од мечот.

По овој триумф, Рајо Ваљекано се наоѓа на осмата позиција на табелата.

Scroll to Top