Македонскиот првак Струга Трим Лум натпреварот од третото квалификациско коло во Конференциската лига против Есперанж од Луксембург ќе го игра на комплексот на ФФМ. Ова го наложува УЕФА поради лошата состојба на тревникот на арената „Тодор Проески“. На нашиот најголем стадион се играше мечот меѓу Шкупи и Левски, кога се увиде дека тревникот е во очајна состојба.
Одлуката е комплетно да се затвори арената до натпреварот меѓу Македонија и Италија, кој е закажан за 9. септември во Скопје. Тревникот повторно ќе мора да се освежува и да се репарира.