Луис Суарез (35) е во потрага по нов клуб откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. Сериозно го поврзуваа со Ривер Плата, но таа опција, судејќи според пишувањата на аргентинските медиуми, пропадна. Уругваецот како сега стојат работите ќе остане во Европа.
Имено, „Спорт Италија“, тврди Монца сака да го донесе искусниот напаѓач. Сопственик на новиот прволигаш е Силвио Берлускони, а со клубот раководи Адријано Галијани, долгогодишниот соработник на Берлускони од најславните денови на Милан..
Италијанците пишуваат дека Галијани веќе стапил во контакт со Суарез и му понудил договор со плата од пет милиони евра. Уругваецот допрва треба да донесе одлука, но се вели дека сериозно размислува за понуда од Монца и преселба во Серија А.
Монца веќе донесе 10 играчи во овој преоден рок, а обезбеди и две позајмици. На засилувања досега клубот потроши само 17 милиони евра. Најмногу се истакнуваат играчите кои дојдоа на позајмица Стефано Сенси од Интер и Матео Песина од Аталанта.
За Суарез Монца би била седмиот клуб во кариерата. Досега има настапувано за Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико.