Top Sport

Суарез: Погба е добредојден во Барселона

Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез, рекол дека се согласува со изјавата на соиграчот Џерард Пике и оценил дека би сакал Пол Погба да пристигне на „Ноу Камп“.

Некаде во финишот на преодниот рок, Пике, изјави дека сите во тимот би биле среќни доколку францускиот репрезентативец би ја засилил Барселона. Суарез, истакнал дека дека Погба би бил големо засилување за каталонскиот клуб.

„Погба е елитен фудбалер, кој освоил се. Има квалитет и е главен играч во Манчестер јунајтед. Сметам дека би сакал да се бори и за нешто повеќе од она што му се нуди во моментов. Не е играч на Барселона, но секако дека е добредојден“, рекол Уругваецот.

Медиумите шпекулираа дека Погба е блиску до трансфер во Барселона, без да објават некои поконкретни информации. Извесно е дека светскиот шампион со Франција и оваа сезона ќе остане во Манчестер јунајтед.

Scroll to Top