Top Sport

Суарез со провокација за Гана пред бурниот реванш: Јас не го утнав пеналот

Луис Суарез реши да го „разгори“ ривалството помеѓу Уругвај и Гана откако одби да се извини за играњето со рака во 2010 година, кое на крајот го спаси Уругвај и придонесе Гана да испадне од СП во Јужна Африка.

Во меч кој влезе во историјата на СП како еден од најконтроверзните, Суарез го сопре ударот на Доминик Адијах на гол-линијата со своите раце, по што доби црвен картон, но пеналот кој беше досуден не го реализираше Асамоа Гијан. Уругвај потоа ја елиминираше Гана на пенали и Суарез смета дека нема зошто да се чувствува виновен.

„Јас не го промашив тој пенал, така што тоа не е моја грешка. Тоа беше пред 12 години. Тоа е во минатото. Исто така играв и против Џорџо Кјелини (кого го гризна на СП во 2014 н.з.) и се ракувавме“, изјави кратко 35-годишниот ветеран.

Утре Уругвај мора да победи за да има шанса да се пласира во осминафиналето, додека на Гана им е доволен и поен за пласман.

Scroll to Top