Судијата Џани Сиказве од Замбија, кој беше во центарот на контроверзите во бизарниот меч помеѓу Мали и Тунис на Африканскиот куп на нации во Камерун во 2018 година бил суспендиран поради корупција.
Сиказве стана „хит“ на социјалните мрежи откако прво објави крај на мечот во 85. минута при 1:0 водство за Мали, за потоа да го продолжи мечот, одбивајќи ВАР проверка за црвен картон, за на крајот да го заврши мечот 20 секунди пред регуларните 90 минути. Ова предизвика бесна реакција на Тунижаните и му беше потребна полициска придружба да го напушти мечот.
Пред четири години, Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) го суспендирала Сиказве поради сомнежи за корупција на мечот од Африканската Лига на шампиони против Есперанс и Примиеро Агосто. Есперанс (иронично од Тунис) ги победија ривалите со 4:2, а Сиказве досудил контроверзен пенал за нив, пред да им поништи гол на Агосто поради фаул.
„Претседателот на дисциплинскиот одбор на ЦАФ одлучи дека има доволно докази за да се оддржи сослушување за обвинувањата за корупција кон судијата Џани Сиказве. Тој е суспендиран од сите активности до крајот на истрагата“, се вели во тогашната одлука на ЦАФ.
Суспензијата почна во ноември 2018 година, но Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја тргна неговата суспензија во јануари 2019 година.
Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута!