Top Sport

Сунес: Рангник има еден трофеј и си обезбеди убава пензија во Јунајтед

Легендарниот поранешен фудбалер и менаџер на Ливерпул, Греем Сунес вели дека Манчестер јунајтед направиле голема грешка со ангажирањето на поранешниот тренер на Шалке, Ралф Рангник, бидејќи тоа е човек кој и покрај огромното искуство има освоено само една титула.

Според Сунес, 63-годишниот Рангник едноставно не направил доволно за голем клуб како Јунајтед да му ја даде довербата.

„Не сфаќам, погледнете му го резимето на човекот. Тој не е супер-успешен, има освоено само еден трофеј. Неговиот талент е во тоа што оди во фудбалски клуб и ја гради структурата за развој и подобрување во период од пет до десет години. На Манчестер јунајтед не му е потребно тоа, потребен е човек што ќе направи промени веднаш. Имаат повеќе одлични фудбалери во тимот, но претходниот менаџер не го извлече максимумот од нив. Дали овој човек кој не бил во Премиерлигата ќе го направи тоа? Се сомневам. Ќе биде консултант? Убава пензија за него на 63 години“, вели Сунес.

Рангник прво ќе го тренира Јунајтед, потоа ќе биде консултант

 

Scroll to Top