Top Sport

Сунинг се откажа од кинескиот шампион, дали следен е Интер?

Шампионот од кинеската Суперлига, Џиангсу ФЦ веќе не функционира, потврдија сопствениците „Сунинг“ во неделата во засрамувачки развој на настаните во кинескиот фудбал, кој исто така донесе многу шпекулации околу иднината на далеку пославниот тим во сопственост на „Сунинг“, италијанскиот Интер.

„Сунинг“ го купи Џиангсу во 2015 година, и го оствари најголемиот успех, титулата од тешката Суперлига, но по колапсот на пазарот поради КОВИД-19, сопственикот Жанг Џиндонг им соопшти дека клубот е на продажба за 1 цент, иако тој што сака да го купи ќе мора да ги преземе и долговите.

Кинеската власт во последно време ги ограничи парите кои што можат компаниите да ги вложуваат во своите клубови, а на Џиангсу им нареди да го сменат името од Џиангсу Сунинг.

Во Италија пак, подолго време се шпекулира дека „Сунинг“ бара инвеститор, односно партнер кој би внесол свеж капитал во Интер, иако не се отфрла можноста некој целосно да го преземе клубот.

Scroll to Top