Премиерлигашот Свонси ги загуби нервите со Ренато Санчес и планираат да го вратат португалскиот играч од средниот ред на Баерн Миинхен.
Санчес, кој имаше одличен настап на Европското првенство во 2016 година, по што стана освојувач на наградата за најдобар млад фудбалер „Златно момче“, е играч на Баерн Минхен, но тие го пратија на „калење“ во Премиер лигата, каде што не направи голем впечаток.
„Лебедите“ сакаат да го прекинат договорот што е можно побргу и веќе разговарале со Баерн. Португалецот има само 20 години, така што постои простор за подобрување на кариерата, но очигледно тешко дека тоа ќе се случи во Свонси.
Најпознатото нешто што Санчес го направи беше додавањето до логото на меч од Лига купот минатиот месец.
Renato Sanches| Skill and assists
??? pic.twitter.com/skjYjAUTxp— Já jogou lá? (@jogoula_) November 29, 2017