Top Sport

Така се слави титула – тренерот на Сосиедад со шал и песна на прес-конференција!

Реал Сосиедад вчера го освои Купот на кралот за минатата сезона, откако во баскиското дерби-финале во Севилја го совладаа Атлетик Билбао, за големо славје на фановите на клубот од Сан Себастијан.

Ова беше прва титула за Сосиедад од 1987 година, кога го освоија својот втор трофеј од Кралскиот куп, и тоа не можеше да помине без славје. Тренерот Иманол Алгуасил, познат само како Иманол, реши да го прослави тоа на необичен начин.

На прес-конференцијата, тој прво зборуваше за значењето на трофејот, за потоа да облече дрес на Сосиедад (за кои играше и како фудбалер), да земе шал и да запее.

Scroll to Top