Top Sport

Азар се вратил „како авион“ во тимот на Реал Мадрид

Еден Азар се вратил во составот на Реал Мадрид „како авион“ и е подготвен да покаже дека вредеше неговиот скап трансфер од Челси, вели поранешниот фудбалер на „кралевите“, Алваро Арбелоа.

Азар беше донесен како човек кој требаше да го замени Кристијано Роналдо на „Бернабеу“, но успеа да постигне само еден гол во 15 настапи, по што имаше незгодна повреда и мораше да паузира.

29-годишниот Белгиец сега е подготвен да започне да се наметнува во составот на Зинедин Зидан, почнувајќи од неделниот меч против Еибар, и Арбелоа, кој сега е тренер во академијата на Реал е импресиониран од тоа што го видел на тренинзите.

„Можам да замислам дека со Марко Асенсио Зидан ќе мора да биде внимателен и полека да го враќа во игра поради повредите, но за Еден Азар нема такви грижи. Тој се врати како авион и ќе ни донесе многу победи“, вели Арбелоа.

Scroll to Top