Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас влезе во неочекуван напад на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан околу одигрувањето на мечот со Осасуна во саботата.
Мечот се одигра на замрзнат терен по бурата Филомена, и Реал прво чекаа четири часа на летот до Памплона, одиграа 0:0 на снегот, по што клубот заглави три дена во Баскија поради одложувањето на летовите низ цела Шпанија. Зидан изјави дека е шокиран што мечот не е откажан и дека тоа не било „фудбалски меч“.
Тебас одговара дека Зидан добил лоши информации од својот клуб, бидејќи првите луѓе на Мадрид се согласиле да патуваат и дека само „бара изговори“ за слабиот резултат.
„Верзијата на Реал Мадрид нема врска. Во петокот попладнето зборував со нивниот генерален менаџер повеќе од 14 пати. Му кажав, дека најдобро е да почекаат и да патуваат следниот ден, но тој го одби тоа. Не знам што му кажале на Зидан пред мечот, но сум видел многу изговори кои ги даваат тренерите кога нема да го добијат резултатот кој го посакуваат, и ова беше еден од нив. Ќе му се јавам на претседателот Флорентино Перез да ја разјаснам ситуацијата, бидејќи не сум среќен од коментарите кои ги даваат. Одлуката беше само нивна“, вели Тебас за „Марка“.
Зидан бесен што мечот со Осасуна воопшто се одигра: Тоа не беше фудбал