Тео Ернандез беше стрелец на првиот гол за Франција во полуфиналниот дуел против Мароко. Тој по триумфот (2:0) истакна дека тимот завршил одлична работа во триумфот над Мароканците.
„Неверојатно е да се играат две последователни финалиња на Светското првенство, завршивме одлична работа. Финалето е голем натпревар, ќе се обидеме да победиме. Се надевам дека и мојот брат ќе биде тука за финалето“, изјави Тео Ернандез за TF1.
Франција во финалето на Мундијалот в недела ќе се соочи со селекцијата на Аргентина.