Претпладнево во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2021 година, за фудбалери до 21 година. Македонските надежи се во Групата 6 заедно со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан, Фарски острови.
Квалификациите ќе започнат на 18. март наредната година, а ќе завршат во октомври 2020 година. Плеј-офот на програмата ќе биде во периодот од 9. до 17.ноември 2020 година.
Шампионатот ќе се игра во јуни 2021 година во Унгарија и Словенија.
фото: архива topsport.mk
Распоред на квалификациските групи за ЕП 2021
Група 1: Италија, Шведска, Исланд, Ирска, Ерменија, Луксембург
Група 2: Франција, Словачка, Швајцарија, Грузија, Азербејџан, Лихтенштајн
Група 3: Англија, Австрија, Турција, Албанија, Косово, Андора
Група 4: Хрватска, Чешка, Грција, Шкотска, Литванија, Сан Марино
Група 5: Србија, Полска, Русија, Бугарија, Латвија, Естонија
Група 6: Шпанија, Израел, Црна Гора, Македонија, Казахстан, Фарски острови
Група 7: Португалија, Холандија, Норвешка, Белорусија, Кипар, Гибралтар
Група 8: Данска, Романија, Украина, Финска, Северна Ирска, Малта
Група 9: Германија, Белгија, Велс, Босна и Херцеговина, Молдавија