Тијаго Силва ќе го продолжи договорот со Челси за уште една година, тврди британски „Гардијан“. Бразилскиот дефанзивец има договор до крајот на сезоната, но лондончани му понудија нов договор на 38-годишниот играч. Клубот сака да продолжи да се потпира на неговото искуство и лидерските способности.
Челси продолжува да прави големи промени во одбраната, но Силва останува константа. Минатото лето „сините“ ги загубија Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, кои си заминаа како слободни играчи. Реакцијата беше потписот на Калиду Кулибали и на Весли Фофана, а во јануари пристигна и Беноа Бадијашил.
Без разлика на промените, Тијаго Силва останува срцето на одбраната во тимот од „Стемфорд бриџ“. Поранешниот дефанзивец на Милан и на Пари Сен Жермен се претстави на високо ниво од неговото доаѓање во септември 2020 година.