Top Sport

Тијаго Силва останува на „Стемфорд бриџ“ до 2024 година

Дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва, потпиша нов договор со клубот. Неговиот претходен договор беше до летото, но се договори со челниците да го продолжат за уште 12 месеци до јуни 2024 година.

Иако има 38 години, Тијаго Силва останува главен столб во одбраната на лондончани. Оваа сезона има 24 настапи во сите натпреварувања. Ќе продолжи да му биде на располагање на Грем Потер и следната сезона и ќе се бори со Беноа Бадијашил, Весли Фофана и Тревор Шалоба за место во стартните единаесетмина.

„Кога првпат потпишав со Челси, мојот договор беше на само една година. Сега ќе останам во Лондон четири години. Никогаш не замислував вакво нешто, но за мене е посебен момент што повторно потпишав и останав тука“, изјави фудбалерот по потпишувањето на договорот .

Интерес за Бразилецот од неговата татковина имаше и од Флуминенсе, но тој повеќе сакаше да остане во Челси, бидејќи неговото семејство се чувствува добро во Лондон, а неговите деца тренираат во школата на клубот.

Scroll to Top