Top Sport

Фенербахче демантираат дека Обрадовиќ поднел оставка

Кошаркарскиот клуб Фенербахче ги демантира наводите на турските медиуми дека тренерот Жељко Обрадовиќ поднел оставка на функцијата.

Информацијата најпрвин се појавила на социјалните мрежи, а потоа и во медиумите. Клубот демантира и пишувањата ги нарекува невистините.

„Веста дека Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче која се појави на социјалните нема врска со вистината. Нашиот тренер одговорно си ја врши работата, има поддршка од менаџментот и чека подобри денови“.

Фенербахче игра катастрофално лошо од почетокот на сезоната во Евролигата. Во првите осум кола екипата на Обрадовиќ запиша шест порази.

Обрадовиќ е тренер на Фенербахче од 2013 година, а во 2017 година ја освои Евролигата.

Scroll to Top