Top Sport

Сагата на „Иранскиот Хулк“ – обвинет за фотошопирање, семејството се откажа од него

Долгоочекуваниот боксерски меч помеѓу „Најстрашниот човек на светот“, Мартин Форд и „Иранскиот Хулк“, Саџад Гариби, кој треба да се оддржи во „О2 Арената“ во Лондон (30 април), ни ја носи необичната приказна на иранскиот бодибилдер, кој е обвинет дека користел фотошоп за да покаже дека е поголем отколку што навистина е, и кој во солзи призна дека неговото семејство се „откажало“ од него.

Форд прво го обвини својот противник дека користел Фотошоп да ги едитираа своите фотографии за да изгледа посилен и позастрашувачки, а откако се сретнал со него во Дубаи во февруари признал дека е разочаран.

„Тој навистина не е тоа што го очекував. Мислам дека го излажа светот со Фотошоп, да бидам искрен. Кога ќе го видите во вистинскиот живот воопшто не е импресивен. Разочарувачки, тој е малечок. Да, тој е голем, сигурно има над 110 килограми, но не е застрашувачки голем. Како големо дете кое не тренирало, а јас мислев дека е двојно поголем од мене“, изјави Форд.

Според британскиот „Сан“ пак, видеото помеѓу Гариби и Форд, предизвикало неговото семејство да се откаже од него.

„Не можам да му се јавам на семејството, кога се вратив во Иран не отиов кај нив. Не можам да зборувам со мојот татко и мојата мајка. Мајка ми кажа: ‘Човекот на тоа видео не е мојот син, мојот син е посилен од ова’. Ме боли што не можам да разговарам со нив. Ја загубив честа и уништен сум. Како да им објаснам? Не можам да спијам“, изјавил Гариби за Иранската ТВ.

Нов луд боксерски меч – „најстрашниот човек на планетата“ против „Иранскиот Хулк“!

„Иранскиот Хулк“ го покажа тренингот – со рака во ѕид, со чекан по гуми!

Scroll to Top