Top Sport

Барса со голема победа во Тел Авив, ослабениот Партизан без шанси кај Олимпијакос

Барселона стигна до важна 86:79 победа на гости кај Макаби Тел Авив за да го подобри скорот во Евролигата на 5-2 по седум кола, додека Олимпијакос го декласираше Партизан со 87:58 за петта победа оваа сезона.

Николас Лапровитола повторно беше најдобар за Барселона со 19 поени, Кори Хигинс додаде 15, а Мајк Тоби заврши со 14 поени, додека за домаќините Лоренцо Браун имаше 18 поени. Во тесната битка во првото полувреме, Макаби имаше три поени предност (43:40), но во последната четвртина каталонскиот клуб имаше 11:1 серија за да го одлучи победникот.

Партизан отпатува во Грција со само девет играчи поради проблемите со повредите и обврските кон српската репрезентација и го забележа првиот пораз по две победи. Костас Слукас имаше 17 поени и 8 асистенции додека Јанулис Ларенцакис додаде 14, додека кај Партизан, Џејмс Нанали и Кевин Пантер има по 14 поени за Партизан.

ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО
Фенербахче – Црвена звезда 93:79 (24:23, 18:.18, 24:16, 27:22)
Реал Мадрид – Анадолу Ефес 94:85 (26:19, 28:24, 15:20, 25:22)
Алба Берлин – Баерн Минхен 77:79 (15:26, 24:19, 19:23, 19:11)
Олимпијакос – Партизан 87:58 (22:14, 23:24, 23:16, 19:4)
Макаби Тел Авив – Барселон 79:86 (20:23, 23:17 18:22, 18:24)
Асвел Лион – Жалгирис Каунас 76:93 (24:22, 22:28, 21:19, 9:24)


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top