Жан-Клер Тодибо, францускиот фудбалер кој неодамна направи трансфер од Барселона во Шалке, тврди дека сите во каталонскиот клуб се „нежни“ кон Лионел Меси од страв да не го повредат Аргентинецот.
Меси останува лидер и најважен играч на Барселона и покрај тоа што е блиску до својот 33. роденден, иако на стартот на сезоната имаше мала повреда. Тодибо, кој ќе биде позајмен на Шалке до крајот на сезоната, вели дека сите се обидуваат да него повредат Меси, знаејќи колку тој е важен за нив.
„Знаевме дека не смее да биде повреден. Научив многу од Меси, а искрено и му украдов неколку топки на тренинг. Секогаш одите нежно на него, бидејќи би било штета да го повредите“, вели Тодибо во интервју за германскиот „Билд“.
За Тодибо немаше многу многу место во тимот од „Ноу Камп“ по доаѓањето од Тулуз, и Шалке сега ќе имаат опција да го откупат договорот од 25 милиони евра.