Top Sport

Тодороски доби црвен картон, Македонија и Бугарија на „нула“ по првиот дел

Фудбалските селекции на Македонија и Бугарија играат без голови на арената „Тодор Проески“ по првото полувреме од натпреварот во Лигата на нации. Македонија е десеткувана, игра со фудбалер помалку речиси од стартот на мечот откако црвен картон заработи Тодор Тодороски, за груб старт над противнички фудбалер.

Тодороски ја напушти играта уште во 14.минута, а потоа селекторот Милевски мораше да ја менува концепцијата, го повлече Александар Трајковски и го уфрли Стефан Ашковски.

Во 25.минута, Милан Ристовски упати удар од 20 метри, но бугарскиот голман Даниел Наумов успеа да одбрани.

Scroll to Top