Top Sport

Томас Тухел е новиот тренер на ПСЖ!

Пари Сен-Жермен потврдија дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел е новиот кормилар на тимот од „Паркот на принцовите“ со двегодишен договор. Германецот ќе го замени Унаи Емери во францускиот клуб со големи амбиции.

„Се приклучувам на големиот глобален клуб Пари Сен-Жермен со голема радост, гордост и амбиција. Едвај чекам да почнам да работам со едни од најдобрите фудбалери на светот. Со мојот тим ќе направиме сè да го кренеме тимот на интернационално ниво. Имаме огромен потенцијал и ова е најголемиот предизвик кој можев да го прифатам“, вели Тухел.

44-годишниот Тухел беше наследник на Јирген Клоп на клупата на Борусија Дортмунд во 2015, и минатата година го освои ДФБ купот, пред да си замине поради конфликт со челните луѓе на клубот. Претходно, тој беше пет години на чело на Мајнц, каде што работеше и со поранешниот македонски репрезентативец, Николче Новески.

Емери помина две години на „Паркот на принцовите“, и оваа година ја донесе двојната титула за „Светците“, но загуби во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид.

Scroll to Top