Поранешниот тренер на ПСЖ, Борусија Дортмунд и на Челси, Томас Тухел, следното лето многу лесно би можел да го преземе гигант од Серија А. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер многу веројатно ќе му даде отказ на Симоне Инзаги доколку овој тим биде елиминиран од Лигата на шампионите и од Купот на Италија, по шампионатот кој веќе е загубен.
Доаѓањето на Тухел би значело само едно, Ромелу Лукаку ќе мора да бара нов клуб. Не е тајна дека Тухел и Белгиецот се во „војна“ уште од периодот во Челси.
Германскиот стратег се поврзува и со клупата на Реал Мадрид, доколку Карло Анчелоти добие отказ од „кралскиот клуб“.