Ѕвездата на Милан, Сандро Тонали вели дека нема ништо контроверзно во голот кој беше постигнат по неговото изведување на аут и покрај протестите на тренерот на Емполи, Паоло Занети по вчерашниот 1:3 пораз.
„Росонерите“ успеаја да дојдат во водство во 79. минута, кога Тонали го „најде“ Рафаел Леао користејќи го правилото дека нема офсајд при изведување аут, кој потоа го најде Анте Ребиќ за 0:1. Занети беше лут поради тоа што Тонали го изведе аутот 10 метри од местото од каде што излезе топката.
„Стоев таму и тренерот ми ја даде топката, така што се работеше за момент во кој мораш да се обидеш и се надеваш дека ќе помине како што треба. Не ја забележав позицијата каде што сум, но судиите те прекинуваат ако има проблем. Но, да, голот дојде од таква итра позиција“, вели Тонали.
Tonali fa il furbo: batte la rimessa laterale nove metri più avanti e il Milan segna ad Empoli. Empoli-Milan – poi finita 3-1 per i campioni d'Italia – è stata sbloccata dagli ospiti al 34' della ripresa con un gol particolare: Ante Rebic ha segnato su a… https://t.co/KpuIA6E3la
— Antonio Rosato (@antoniorosato72) October 2, 2022