Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го има најголемкиот предизвик по Европското првенство. Ќе го предизвика европскиот првак Италија во Палермо во обид да направи сензација, на патот за пласман на Светско првенство.
„Горди сме што дојдовме и до овде, ова е голем успех за Македонија. Се наоѓаме во европскиот крем, верувам дека можеме да го направиме и овој последен исчекор. Свесни сме дека за противник го имаме европскиот првак Италија, тие ќе ја имаат поддршката и од публиката овде во Палермо, но јас верувам во квалитетите на нашите момци“, вели селекторот Благоја Милевски.
Да се победи Италија на гости е мало чудо, но Езгјан Алиоски дека во фудбалот се е можно. Како поттик секако македонските фудбалери го имаат чудото од Дуисбург, кога ја победија Германија во квалификациите со 1:2.
„Респект за Италија, тие се европски прваци и една од најсилните селекции на континентот. Одиграа одлично на ЕВРО 2020, но не значи и дека се непобедливи. Мора да бидеме мудри, да одиграме дисциплинирано, тактички речиси соврѓено и во таков случак, можеме да се надеваме на успех“, истакнува Алиоски.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот, на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Италијанците ќе ја имаат поддршката од публиката, но и Македонија ќе ја бодрат околу 2.000 наши фанови.