Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Ние, против 50.000 Португалци. Така најави капитенот Стефан Ристовски. Сепак, на трибинитена „Драгао“ кој полека се полни, веќе се наоѓаат македонските фанови. Сместени се во горниот сектор, далеку од теренот, но громогласно ги пречекаа македонските репрезентативци на загревањето.
Секако, многу поголема ќе биде поддршката за португалските фудбалери. Околу 50.000 навивачи ќе бидат присутни на стадионот на Порто.
Во стартниот состав на Македонија влегоа и Елиф Елмс и Тихомир Костадинов, на местата на Чурлинов и на Николов. Португалија ја предводи Кристијано Роналдо, во тимот се и Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Диого Жота, Пепе…
Мечот започнува во 20.45 часот, а ќе го суди англискиот арбитар Ентони Тејлор.