Top Sport

Тотенхем и Челси во трка за Ансу Фати

Вестите околу евентуалниот потпис на Жоао Феликс во Барселона се совпаднаа со гласините за заминување на Ансу Фати. За крилниот напаѓач се заинтересирани англиските премиерлигаши Тотенхем и Челси.

„Сините“ почнаа да ја разгледуваат ситуацијата, но, според англиските медиуми, Тотенхем е поблиску до потписот на Шпанецот.

Младиот талент на Барселона силно ја започна својата кариера, но по долго отсуство поради повреда, неговата форма значително опадна. Од почетокот на сезоната Чави во Барселона го користи како резерва.

Фати отсекогаш покажувал колку го сака клубот, но минутажата му е приоритет на оваа возраст.

Scroll to Top