Top Sport

Вавринка е највозрасниот тенисер кој победил меч на УС Опен од 1992 година

Поранешниот победник на УС Опен, 38-годишниот Швајцарец Стен Вавринка, стана најстариот тенисер кој победил во меч на овој турнир од 1992 година, кога тоа го направи 40-годишниот Џими Конорс.

Вавринка, кој ја освои последната од своите три гренслем титули во Њујорк во 2016 година, го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 7:6(5), 6:2, 6:4 во првото коло и покрај проблемите со стапалото што го мачеа во последниот период.

„Мислам дека играм добро. Не се обидувам да се споредувам со минатото бидејќи никогаш не е добра идеја да се споредувам со она што го направив пред неколку години“, им рече Вавринка на новинарите.

„Јас сум среќен со мое ниво. Знам каде сум во моментов. Знам дека можам да победам некои навистина добри играчи. Можам да бидам конкурентен. Тоа беше одличен меч. Навистина високо ниво, висок интензитет. Среќен сум што победив во три сета. најважно е да продолжиме да одиме во вистинската насока“.

Вавринка се врати на АТП во март 2022 година, по повеќе од една година одмор по две операции на левото стапало, и сега е во топ 100 во светот, моментално рангиран на 49. место на АТП ранг-листата.

 

Scroll to Top