Репрезентациите на Германија и Шведска, кои пред шампионатот се сметаа меѓу фаворитите за медали, ги комплетираа настапите во групната фаза на ЕП во ракомет со победи, кои на крајот не значеа многу.

Германците, кои доживеаја кобен пораз од Хрватска кој ги оддалечи од полуфиналето, со 26:22 ја победија Чешка, која ја завршува втората фаза на шампионатот без ниту еден поен, додека Шведска, еден од домаќините на шампионатот завршува со 32:25 победа над Исланд, резултато кој не значи многу.

Филип Вебер постигна пет гола за Германците, додека по четири имаа Тобијас Рајхман и Каи Хефнер, и за „маншафт“ сега преостанува борбата за петто место со Португалија и квалификации за олимпискиот турнир.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ, ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА 1

Хрватска – Шпанија 22:22 (11:12)

Белорусија – Австрија 36:35 (19:17)

Чешка – Германија 22:26 (10:13)

Конечна табела: 1.Шпанија 9, 2.Хрватска 9, 3.Германија 6, 4.Австрија 3, 5.Белорусија 1, 6.Чешка 0

ГРУПА 2

Португалија – Унгарија 34:26 (16:14)

Норвешка – Словенија 33:30 (14:13)

Исланд – Шведска 25:32 (11:18)

Конечна табела: 1.Норвешка 10, 2.Словенија 6, 3.Португалија 4, 4.Шведска 4, 5.Унгарија 4, 6.Исланд 2