Тотенхем ја доби лондонската пресметка против Вест Хем со 2:0 и се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиерлигата која води во ЛШ. Првиот дел не донесе голови, но затоа Емерсон Ројал ги израдува домашните фанови во 56.минута.
Вториот гол за Тотенхем го постигна Хјонг – Мин Сон во 72.минута, а Вест Хем немаше сили за одговор.