Франческо Тоти сподели трогателна порака на својот Инстаграм профил, простувајќи се со својот татко Енцо, кој почина пред два дена на 76 години откако се разболе со КОВИД-19.
„Здраво тато, само што ги поминав најлошите десет дена во мојот живот, знаејќи дека си сам борејќи се против злото и без можност да те видам, да зборувам со тебе, да те гушнам и да бидам до тебе. Сега, мојот живот ќе биде сосема поинаков, бидејќи пораснав со важни вредности добиени од тебе. Ти благодарам за тоа што го направи за мене, што ме направи силен и храбар и секогаш ќе те сакам. Извини за сите времиња кога не разбирав, кога не ти кажував дека те сакам, за зборовите кои не ги кажав, а грешките кои ги направив. Имаше толку пријатели кои те сакаа бидејќи беше поинаков, беше тука за нив, и беше моја гордост (се надевам дека и јас бев твоја гордост). Денеска уште повеќе сфаќам колку беше важен во мојот живот, и во следните години ќе го ценам тоа повеќе. Збогум тато, збогум шериф. Имај убаво патување. Твојот, Франческо“, напиша Тоти.