Top Sport

Траоре го мачкале со масло за бебиња за да не го „фатат“ дефанзивците

Иако претходно се шпекулираше дека ѕвездата на Вулверхемптон, Адама Траоре се мачка со масло за бебиња за да се опоравува побргу од повредите, од клубот потврдија дека мачкањето пред дуелот од Лига Европа со Олимпијакос било за тој да може да избега на дефанзивците.

24-годишниот поранешен фудбалер на младинската школа на Барселона, блесна оваа сезона и за него има интерес од клубови како Манчестер јунајтед и Јувентус. Физиотерапевтот на Вулфс за „Сан“ открива дека главната причина за овој необичен третман е да се спречи дефанзивците да го „грабаат“ за раце, посебно бидејќи тој има повреда на рамото, кое го дислоцираше во декември и кое четири пати му излегувало од зглобот.

„Тоа е нешто што го правиме за да го заштитиме Адама. Дефанзивците се плашат од дуели со него поради неговата брзина и тие му ја влечат раката. Ова предизвикува проблеми за рамото и вака потешко можат да го фатат“, вели физиотерапевтот за „Сан“.

Вулверхемптон победија со 1:0, со што се пласираа во четврт-финалето на Лига Европа, каде што ги чека Севилја, која ја елиминираше Рома.

Scroll to Top