Top Sport

Солскјер ќе биде нов тренер на Клуб Бриж?

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер е еден од најсериозните кандидати за нов тренер на Клуб Бриж. Белгискиот клуб се раздели со Скот Паркер и е во потрага по ново решение за клупата. Како можен наследник се споменува токму Солскјер. Норвежанецот пак е без работа откако замина од кормилото на Манчестер Јунајтед.

Клуб Бриж реши да го отпушти Паркер по само 12 натпревари на клупата на тимот.

Покрај Солскјер, како опција за тренерската позиција на Бриж се споменува и поранешниот помошник на Јулијан Нагелсман во Баерн, Дино Топмелер.

Scroll to Top