Игор Тудор повторно е тренер на Хајдук, откако реши да се врати на „Пољуд“ по периодот од 2013 до 2015 година. Тој признава дека предизвикот ќе биде голем и дека очекува многу критики.
„Ќе дадам сè од себе да го направам Хајдук подобар клуб. Во Хајдук се признаваат само титулите и трофеите, тоа ни го кажува историјата на овој тим. Ќе видиме што можеме да направиме во следните две години. Кога живеете во овој град, морате да се врзете за клубот, а тоа е двојно поточно за мене. Дали сум подобар од претходниот пат? Знам дека сигурно знам подобро да ракувам со човечките односи. Секој ден се напредува“, вели Тудор.
Тој знае дека работите не се добри.
„Додека Хајдук не е прв, тоа не чини. Никој не е задоволен. Барам поддршка. Ако Хајдук не биде подобар со нас, сите ќе си одиме. Но, ова е веќе седма или осма година во која се бара трпение и на луѓето им е преку глава. Тука не би му се израдувале ниту на Мурињо, би кажале дека е премногу дефанзивен. Ниту Пеп не би бил доволен, поради тики-така. Сите ми велеа дека сум луд што го прифаќам овој предизвик, дури и татко ми ми се смееше“, објаснува Тудор.
[FOTO + VIDEO] Igor Tudor: Dat ću sve od sebe da Hajduk napravimo boljim Klubom! • https://t.co/UKPRAlbwqb #Hajduk pic.twitter.com/1lQ9N2vbev
— HNK Hajduk Split (@hajduk) December 23, 2019