Top Sport

Одбојкарите на Струмица Никоб победници во Купот на Македонија

Одбојкарите на Струмица Никоб ја одбранија титулата во Купот на Македонија. Струмичкиот тим славеше во три сета (25:7, 25:23, 25:18) против Борец, кој даде посилен отпор само во вториот сет.

Струмица Никоб фуриозно го почна мечот и во првиот сет му дозволи само седум поени на ривалот. Борец беше блиску до освојување на вториот, имаше водство од 19:21, но, сепак, во финишот Струмица направи пресврт. Третиот сет беше само рутинско одработување на задачата.

Во финалето на Купот кај дамите се среќаваат Работнички Скопје и Наковски Волеј.

Scroll to Top