Менаџерот на Челси, Томас Тухел ги потврди информациите за физичка пресметка помеѓу голманот Кепа Аризабалага и дефанзивецот Антонио Ридигер на тренинг на „сините“, но посочи дека двајцата покажале „вистински карактер“ со тоа што се смириле пред четврт-финалето од ЛШ против Порто.
Конфликтот се случи во неделата, по првиот пораз на Тухел на клупата на Челси, понижувачките 2:5 од Вест Бром, и самиот Тухел морал да интервенира и да спречи поголем инцидент. Сепак, за фудбалерите нема да има казна.
„Работите меѓу Тони и Кепа малку се загреаја. Ја смиривме ситуацијата веднаш. Такви работи нема да прифаќаме, но се случуваат во фудбалот. Првата реакција не беше океј, но потоа, како се смирија беше фантастично и покажаа дека се почитуваат. Веднаш беше решено. Понекогаш има ситуации кои можат да станат големи, но затоа интервенирав“, вели Тухел.
Смиреност е потребна на „Стемфорд бриџ“, бидејќи во следните седум дена прво играат со Порто во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, па дуел со Кристал палас, пред уште еден меч со Порто (двата меча со португалскиот клуб ќе се играат во Шпанија).
Проблеми во Челси – Ридигер исфрлен од тренинг по тепачката со Кепа