Top Sport

УЕФА го суспендираше Кудела за наводниот расизам, отвори постапка и против Камара

Ондреј Кудела нема да биде во составот на Славија Прага за мечот од осминафиналето на Лига Европа против Арсенал, откако УЕФА потврди дека отворила дисциплинска постапка по немилите сцени кои се случуваа на мечот со Глазгов Ренџерс, а во исто време под истрага е и Глен Камара од шкотскиот клуб.

Кудела доби суспензија од еден меч за наводните расистички навреди кон Камара на мечот на 18 март на „Ајброкс“, кога Чехот тврдеше дека Камара го нападнал по мечот и клубот преку чешката амбасада поднесе поставка до шкотската полиција, која ги истражува двата инциденти.

„По истрагата од страна на дисциплинската комисија, почната е постапка против Ондреј Кудела и Глен Камара. Кудела е суспендиран за следниот меч за кој ќе биде достапен, а истрагата продолжува“, се вели во објавата на УЕФА.

Од Славија велат  дека ова покажува дека немало расизам во инцидентот.

„Вербалниот инцидент помеѓу Кудела и Камара останува на проценка. Инспекторот на УЕФА реши дека нема вистински докази за да се даде оценка за коментарот на Кудела“, велат од Славија.

Ренџерс и Камара бараат исфрлање на Славија Прага од Лига Европа!

Фудбалер на Славија бил нападнат по натпреварот со Ренџерс

 

Scroll to Top