Top Sport

Тухел му одговoри на Лукаку: Ќе разговарам со него

Интервјуто на Ромелу Лукаку го натера менаџерот Томас Тухел да се огласи со свој коментар. Лукаку, за „Скај спорт“, рекол дека не е среќен во Челси и дека еден ден ќе се врати во Интер.

Лукаку, по две успешни сезони во Интер, во летниот преоден рок реши да се врати во Челси. Белгиецот се пожалил дека не му лежи системот кој го форсира Тухел.

„Не ми се допадна интервјуто на Лукаку, мислам дека такви работи не му помагаат на тимот. Не ни се потребни такви гласини. Метежот кој настана лесно можеме да го решиме со серија на победи. Морате да разберете зошто Лукаку го изјави тоа. Лично сум изненаден од она што го кажа. Не забележав дека не е среќен. Ќе разговараме во четири очи“, рекол Тухел.

 

Лукаку: Не сум задоволен од ситуацијата во Челси, еден ден ќе се вратам во Интер

Scroll to Top