Менаџерот на Челси, Томас Тухел, не крие дека е многу разочаран од играта на неговиот тим на натпреварот против Брентфорд. „Сините“ од Лондон претрпеа шокантен пораз (1:4) на „Стемфорд Бриџ“ , иако први постигнаа гол.
„Никој не очекуваше такво нешто, особено откако поведовме. Потфрливме во одбраната, а тоа не е својствено за нас. Бевме невнимателни, не ја почувствувавме опасноста и противникот не казни. Брентфорд не „здроби“ за 10 минути. Потоа следуваше период во кој создадовме неколку одлични позиции, но ниту една не реализиравме. Среќата беше кај Брентфорд, но ние не се браневме како врвен тим од Премиерлигата“, изјави германскиот стратег.
Челзи се наоѓа на третото место на табелата со 59 бода, пет повеќе од Арсенал, кој има и натпревар помалку.