Младиот фудбалер на Челси Калум Хадсон-Одои бил упасен во неделата во раните утрински часови откако полицијата влегла во неговиот дом, пишува „Дејли Мејл“.
Повикувајќи се на свои извори во полицијата „Дејли Мејл“ пишува дека полицијата и Брзата помош биле повикани во домот на 19 годишниот фудбалер од девојка чии идентитет не се соопштува. Девјката била хоспитализирана, а фудбалерот уапсен.
Од неговиот клуб Челси засега не се огласиле поради случајот.
Хадосн-Одои девојката ја запознал на социјалните мрежи. Соседите рекле дека виделе атрактивна девојка која влегува во неговиот дом. Неколку часа подоцна таа повикала полиција.