Top Sport

Убава вест за Баерн: Кингсли Коман ја надмина повредата

Францускиот интернационалец Кингсли Коман ја надмина повредата и се врати на тренинзите на Баерн Минхен. Десет дена откако напаѓачот го повреди бутниот мускул, тој се враќа во тренажен процес. Повредата го остави Коман надвор од составот на Франција за натпреварите од Лигата на нации.

На денешниот тренинг Коман одработил 20 минути со соиграчите. Целта е тој да започне со целосни тренинзи кога ќе заврши репрезентативната пауза и тој да биде дел од составот за натпреварот против Баер Леверкузен на 30 септември.

Баерн Минхен освои само три бода на последните четири натпревари во Бундеслигата и ќе биде исклучително важно да направи победничка низа по репрезентативната пауза.

 

Scroll to Top