Top Sport

Учиш и од младите – Лингард му покажува на Роналдо како да слави

Џеси Лингард по враќањето на Кристијано Роналдо објави фотографија на која тој како десетгодишник-јуниорна Манчестер јунајтед се дружи со Португалецот, а сега стигна на тренинзи да го учи Роналдо како да ја прави неговата препознатлива прослава на голот.

Лингард прославува со покажување на своите иницијали со раката JL, таканареченото „JLingz“ славје, и сега на тренинг му покажува на Португалецот како се прави точно тоа.

Петкратниот освојувач на Златната топка, пак, е познат по својата уникатна прослава со скок и со „Siuuu“ , така што е можно во блиска иднина двајцата да ги сменат прославите како што Роналдо правеше со Пауло Дибала во Јувентус.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');