УЕФА ги одреди арбитрите што ќе ги судат првите четврт-финални натпревари во Лигата на шампионите. На два од нив правдата ќе ја делат шпански судии.
Вечервашниот натпревар на „Енфилд“, помеѓу Ливерпул и Порто ќе го суди Антонио Мигел Лахоз, а утре неговиот сонародник. Дел Серо Гранде, ќе биде главен судија на натпреварот во Амстердам, помеѓу Ајакс и Јувентус.
Главен судија на англиското дерби Тотенхем-Манчестер сити ќе биде Холанѓанецот Бјорн Кујперс, додека дуелот на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона му е доделен на Италијанецот Џанлука Роки.
Сите натпревари ќе започнат во 21 часот.