УЕФА на состанокот на Извршниот одбор го одреди системот на квалификации за пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се игра од 21 ноември до 18 декември 2022 година.
Европа во Катар ќе има 13 претставници, најмногу од сите членки на ФИФА. Десет селекции директно ќе изборат пласман на Светското првенство, а три виза за Катар ќе бараат преку бараж-натпреварите. Баражот за пласман на Мундијалот ќе се одигра според нов систем.
Во квалификациите за Светското првенство ќе влезат 55 репрезентации од Европа кои ќе бидат поделени во десет групи, во пет групи ќе партиципираат по пет селекции, а пет групи ќе бидат составени со по шест репрезентации. Квалификациите ќе се играат во периодот март-ноември 2021 година.
Победниците на десетте групи директно ќе се пласираат во Катар, а останатите 10 на кои ќе им се приклучат двете најдобри репрезентации во Лигата на нации кои не избориле бараж или пласман во плејофот во ова натпреварување. Тоа значи дека 12 селекции ќе разгруваат за преостанатите три места од Европа за пласман на СП во Катар.
УЕФА потврди дека некои репрезентации нема да можат да бидат во иста група: Босна и Херцеговина и Србија не можат да бидат во иста група со Косово, а Русија не може да игра во квалификациите против Косово и Украина, додека Шпанија не може во група со Гибралтар, а Ерменија со Азербејџан.