Top Sport

Луис Суарез оди во пензија?

Луис Суарез би можел да се пензионира, пренесуваат бразилските медиуми и пишуваат дека за тоа веќе ги известил челниците на Гремио. Причината поради која нема да игра уште една сезона за клубот со кој е под договор е повредата на десното колено која му прави премногу проблеми во играта.

Суарез дојде во Гремио пред шест месеци и потпиша договор до крајот на 2024 година. Клубот работи на раскин на договорот, но со казнена клаузула доколку повторно се активира во друг клуб. Тоа би требало да значи дека тој нема да оди во Интер Мајами каде повторно би играл во нападот со Лионел Меси.

Луис Суарез за Гремио одигра 25 натпревари. Тој постигна 11 и асистираше за осум гола. Во својата кариера играше и за Насионал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и за Атлетико Мадрид.

Во трофејната кариера петпати беше шампион на Шпанија и еднаш освојувач на Лигата на шампионите.

 

Scroll to Top