УЕФА преку Одделот за дисциплина донесе одлука да исфрли 11 клубови од натпреварувањата во нејзина организација во наредните три години, поради неисполнување на финансиски обврски. Дури четири клуба се од просторите на поранешна Југославија.
Три години без настап во Европа ќе бидат Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Ријека и Осијек (Хрватска), Борац Бања Лука (БиХ), Астана и Кизил (Казахстан), Валмиера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флоријана (Малта). Причина за ова е доцнењето на платите за фудбалерите подолго од 90 дена.
Дел од овие клубови ќе имаа можност да добијат условна казна, ако ги исполнат сите финансиски услови за претстојните сезони, 2023/24 и 2024/25.
УЕФА им одреди и финансиски казни на овие клубови, па така Клуж ќе мора да плати казна од 250.000 евра, Осијек и Коњаспор по 150.000 евра, а Олимпија 100.000 евра.