УЕФА потврди дека ќе го истражува случајот на Нејмар и неговите коментари по елиминацијата на Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.
Бразилецот, кој уште се опоравува од повредата на стапалото, го критикуваше ВАР системот откако Манчестер јунајтед доби пенал за игра со рака во последните минути од натпреварот, а Маркус Рашфорд со гол од пенал го однесе англискиот клуб во четврт-финалето.
„Ова е срамота. УЕФА избира четири луѓе кои не знаат ништо за фудбалот за да ги разгледуваат ВАР одлуките во успорена снимка. Играта со рака воопшто не постои. Како играш со рака зад својот грб? Ах, одете е.ете се!“, напиша Нејмар.
Ова беше трета последователна елиминација на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите.