Европската фудбалска унија (УЕФА) демантира дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, бил под допинг во финалниот натпревар против во Лигата на шампионите Јувентус, во 2017 година.
Магазинот „Шпигл“, објави документи на „Фудбал Ликс“, во кои се тврди дека Рамос бил позитивен на дексометазон. Овој лек може да се користи само доколку претходно е известена УЕФА, но од седиштето на европската куќа на фудбалот во Нион, тврдат дека Рамос не паднал на допинг тестот што му бил направен по завршувањето на натпреварот.
Реал, синоќа, веднаш се огласи со соопштение во кое ги демантира наводите на „Шпигл“, со зборовите дека „капитенот никогаш не ги прекршил анти-допинг правилата“.
По Реал се огласија и од УЕФА, со тврдењата дека во случајот со Рамос немало никакви елементи за покренување на истрага.
„УЕФА категорично ги отфрла сите неосновани обвинувања, кои се поврзани со позитивниот допинг-тест на Серхио Рамос. Спорната контрола на УЕФА е извршена согласно правилата на Светската анти-допинг агенција (ВАДА). УЕФА ги информира ВАДА и ФИФА за сите случаи поврзани со допинг контролите и со резултатите од истите. Исто така УЕФА и ВАДА имаат право да поднесат жалба до Судот за спортска арбитража, на сите одлуки што ќе ги донесе УЕФА. Меѓутоа УЕФА и ВАДА во случајот со Серхио Рамос не поднеле никаква жалба. ВАДА потврди дека УЕФА контролата ја извршила според правила“, се наведува во соопштението на УЕФА.
„Фудбал ликс“: Серхио Рамос паднал на допинг тест по финалето на ЛШ во 2017!