Европскта фудбалска унија (УЕФА) утре во Нион ќе одржи видео-конференција на која заедно со претставниците на 55 земји-членки ќе се обиде да најде ново решение за продолжување на сезоните во националните шампионати, Лигата на шампионите и Лига Европа.
„УЕФА со генералните секретари на 55 земји-членки ќе разговара какви се шансите термините на натпреварите да бидат поместени. Исто така ќе се разговара и за договорите и трансферите на фудбалерите“, стои во соопштението.
Во меѓувреме „Тутоспорт“ пишува дека ќе се разгледува опцијата првенствата да продолжат во август со што би било избегнато сценариото моменталната состојба да биде прогласена како конечна или пак да се поништи целата сезона.
Во ова сценарио не биле вметнати Лигата на шампионите и Лига Европа. УЕФА веќе ги одложи финалните натпревари во овие две натпреварувања за 24 јуни (Лига Европа) односно 27 јуни (Лига на шампиони).
Сепак бидејќи ситуацијата со пандемијата со вирусот КОВИД-19 речиси да не се подобрува минорни се шансите овие финални мечеви да бидат во тие термини.